Македонија
2. July 2017 - 10:54

Прегазено дете во Куманово- се бори за живот

Единаесет годишно момче е тешко повредено откако вчера околу 10 часот и 40 минути во него удрил автомобил „Мерцедес“ управуван од кумановката Ј.М.

Од полицијата утрово информираат дека несреќата се случила на крстосницата со булеварите „Македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“ и улицата „Б.Б.Куцман“.

Повреденото момче пешак било пренесено во кумановската болница каде е задржано на лекување. На местото на несреќата полициски екипи извршиле увид.