Македонија
7. јуни 2016 - 13:39

Прегазени две деца во Скопје

Три страшни сообраќајки за еден ден се случија во Македонија. Во 17 часот во Скопје, на улицата „Пере Тошев“, возило „Форд Ескорд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот велешанец Т.С. удрило во две дечиња. Едното од болницата „Св.Наум Охридски“ кoе било хоспитализирано, поради сериозноста на повредите е префрлено во Ургентниот центар. На второто детенце му е укажана лекарска помош во Градската болница и констатирани му се телесни повреди. 
 
 Исто така, истиот ден во истото време на крстосницата на булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Иван Цанкар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу Моторцикл „Џилера“ управуван од седумнаесетгодишник од  селото Студеничани, скопско, и 47-годишниот велосипедист  К.Ј. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј. која со Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје. 
 
 Вечерта, половина час пред полноќ во селото Ржаничино се случила сообраќајна незгода во која возило марка „Ауди 80“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.О.  од скопско,  со предниот десен дел удрило во бетонски столб за телефонска мрежа и во камен ѕид од дворно место.  По незгодата возачот и сопатникот С.М. (20) од истото село со возило на Брза помош се пренесени во Ургентен Центар за укажување лекарска помош.
 
Од страна на доктор се констатирани тешки телесни повреди на А.О. и истиот е во животна опасност.
 
Кај сопатникот се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување.  
 
Полицијата работи на случајот.