Македонија
20. March 2017 - 13:42

Прегазен велосипедист во скопско

Вчера во 11.15 часот во ЕИК Скопје, од поликлиниката „Ѓорче Петров“ пријавено е дека бил донесен Џ.Б. (70) од с.Сарај, скопско, кој бил повреден при сообраќајна незгода во с.Љубин, скопско. Џ.Б., како велосипедист, бил удрен од патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј. (33) од с.Бојане, скопско.
 
Од незгодата Џ.Б. се задобил со тешки телесни повреди.