Македонија
9. January 2018 - 12:05

Прегазен велосипедист во Скопје

Синоќа во 21.10 часот било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (19) од Скопје, удрило во пешак Д.Д. (30) од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил пешакот.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.