Македонија
18. March 2017 - 12:18

Прегазен велосипедист во Охрид - итно пренесен на скопските Клиники

Во 15 часот и 40минути на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, се случила сообраќајна незгода помеѓу камион “Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управуван од 42-годишниот М.Н. од селото Шипокно-охридско и велосипед управуван од 52-годишниот Б.И. од населбата Св.Стефан.

Во незгодата Б.И се здобил со тешки телесни повреди и тоа внатрешно крварење во главата и по укажаната лекарска помош во ОБОхрид, поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Клиниките во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.