Предупредување: Утре ниски температури од жолта фаза, полошкиот регион во портокалова фаза
Согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, утре за целата држава се предвидуваат ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде се предвидуваат пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство.
Препораките за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица над 60 години, остануваат да важат само за регионот зафатен со портокалова фаза (полошки регион - Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод).
За работниците кои работат на отворено во полошкиот регион зафатен со портокалова фаза, се препорачува да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа, по половина час во топла просторија, и со топли напитоци.
Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напитоци и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.
Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ниски температури во државата и во зависност од временската прогноза, доколку има потреба, ќе бидат донесени и нови препораки, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи