Македонија
28. October 2016 - 15:18

Предупредување: Попладне цело Скопје во жолта фаза

Променливо облачно претпладне со слаб локален дожд особено во југозападниот дел на земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престанат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повеќе ќе биде застапен долж Повардрието. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Од утре па се до средината на наредната недела се очекува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула.

За денеска, метеоалармот објави предупредување за ветер од жолта фаза на цела територија на Македонија.