Кошарка
11. January 2018 - 10:36

Предраг Луциќ: Песна за Предраг Самарџиски

По тешко боледување, на 10 јануари во Сплит почина Предраг Луциќ, реномиран хрватски новинар, писател, поет, хуморист и режисер, познат во целиот балкански регион. Предраг Луциќ е роден 1964 во Сплит. Тој е еден од основачите на легендарниот неделник „Ферал Трибјун“, а го започна и уредувањето на Фераловата библиотека. Од летото 2009 во риечкиот весник „Нови лист“ тој пишуваше дневна колумна под наслов „Трафика“.

Интересно Луциќ има објавено и осум песни на македонски напишани  по патувањето низ Македонија, кое го организираа Независни писатели на Македонија во 2005 година.

Една од тие песни му е посветена и нашиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски кој тогаш настапуваше за КК Партизан.

ПРЕДРАГ САМАРЏИСКИ

 

Во македонскиот Глобус

Што се вика Фокус

Читам интервју со кошаркар

Кој вели

Во Македонија сум изрод

А во Партизан сум ѕвезда

 

Ех да е Синан Гуџевиќ овде

Тој епиграмски би му рекол

Во Партизан дека може и да биде ѕвезда

Но во Ѕвезда не и партизан

 

А и во Партизан

Мајсторче

Ете

Дека дошле некои такви времиња

Дури и ѕвезда може да се биде

Но никако

 

Никако партизан