Македонија
27. December 2015 - 11:47

Предновогодишен хуманитарен базар за Јоце Блажевски

Предновогодишен хуманитарен базар денеска од 16 часот до полноќ ќе се одржува во кафулето „Ли“ во Скопје. Парите собрани од продажбата ќе бидат донирани за последниот третман со матични клетки на Јоце Блажевски, кој боледува од церебрална парализа. 

Третманот треба да се изведе наскоро во Русија, а за реализацијата се потребни уште три илјади евра. 

Сите хумани граѓани можат да донираат на броевите-ВИП 077/143-314, ОНЕ 075/143-401 и Т-Мобиле 070/143-109. Со еден повик се донира 100 денари.