Свет
28. July 2016 - 21:09

Предности и слабости на Клинтон и Трамп

Со официјализирањето на Хилари Клинтон како кандидат на демократите за Претседател на САД, станува јасно дека американците за прв пат во историјата ќе бираат шеф на државата помеѓу жена и Доналд Трамп бизнисмен, без забележителен политички бекграунд, но во исто време медиумски мајстор.

Американскиот печат анализирајќи ги карактеристики на двајцата кандидати има тешка задача да ги адресира силните и слабите страни на претендентите за Белата куќа.

Во анализите, меѓу посилните страни на Хилари Клинтон се наведува нејзината борбеност, што ја докажа и во внатрепартиската битка и во справувањето со нејзините и скандалите на нејзиниот сопруг Бил Клинтон.  

Обединувачката каратеристика, поранешната државна секретарка ја докажа како во создавање единство меѓу симпатизерите на демократите, така кај и различните етнички и расни групи во американското општество.

Клинтон се покажа и како врвен борец за каузата на Демократската партија.

Прва жена претседател на САД  ја прави нејзината кандидатура историска, како што беше со првиот црномурест претседател, Барак Обама.

Силното лоби меѓу центрите на моќ кај демократите е петта силна страна на Клинтон.

Како слабост на Клинтон пред се се наведува дилемата: Дали може да и се верува, со оглед на скандалите што ја следат, пред се аферата со службената кореспонденција и работењето зад грб на нејзиниот противканддидат Берни Сандерс.

Скривањето на работите - контроверзни изјави, наместо справување со проблемите е негативната карактеристика што ги одбива американските гласачи.

Немањето визија, критериум востановен од претходните претседатели се наведува како уште една слаба страна, како и недостатокот на вроден инстинкт за водење кампања.

Како силна страна на републиканецот Донал Трамп пред се се потенцира неговото мајсторство во менаџирање со медиумите.

Извонредната способност за балансирање во ставовите со ненадеен пресврт на негативните критики во позивни, Трамп ја докажа во неколку наврати.

Преземањето одлучни чекори, колку тие да не се популарни, се посочува како силна страна на моќниот претседател.

Користењето жесток говор и вокабулар, што електоратот мисли, но сака да го слушне од лидерот е четвртата силна страна на Трамп, како и оценката за ,,аутсајдер‘‘, неповрзан со официјален Вашингтон, во моменти кога избирачите го мразат системот.

Флертување со екстремизмот се припишува кон слабите страни на Трамп.

Непредвидлив, непостојан и бесен е втората негативна карактеристика.

Млаката поддршка од Републиканската партија, може да му наштети на Трамп на патот кон Белата куќа.

Изобилството од контроверзи поврзани со медиумскиот магнат, и слабото познавање на политичките прашања, се другите негативни карактеристики, наведени во медиумите.