Македонија
18. December 2017 - 17:15

Предлог законот за високо образование ставен на јавен увид

Корупцијата на универзитетите ќе се сузбива преку ангажирање на овластено лице на кое ќе може да се пријавуваат сите видови на девијантно функционирање на факултетите и научните институти. Механизмите за пријава ќе бидат достапни до сите студенти, професори и асистенти.

Новиот предлог Закон за образование предвидува ови лица да се избираат од Сенатот на универзитетите, за период од две години. Процедурите за нивното делување ќе бидат одредени со подзаконски акти.

Ќе биде организирана и посебна антикорупциска едукација на универзитетите за тоа што претставува корупцијата, односно кои активности се забранети и треба да се пријавуваат.

Од УКИМ очекуваат дека ваквите измени на законот ќе донесат превентивно подобрување на настаните против овој тип на девијантно функционирање на институциите.

Предлог закон за високо образование денеска ќе биде објавен на ЕНЕР, и достапен 20 дена за јавна дебата и сугестии за негово подобрување.