Бизнис
16. August 2017 - 10:44

Предлог за дополнително издавање три емисии обврзници за денационализација

Владата донесе одлука да го испрати во редовна собраниска процедура Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, информира денеска владината прес-служба.

Во законот се предвидени 15 емисии на обврзници за денационализација. Со одлука Владата годишно го утврдува износот на обврзниците што ќе се издаваат. Годишниот износ се утврдува врз основа на надоместот даден во обврзници со решенијата кои станале правосилни во тековната година.

- Со Предлог законот се предлага дополнително издавање на уште три емисии обврзници за денационализација, со цел исплата на обврзниците кои ќе бидат утврдени со решенијата кои ќе станат конечни во претстојниот период, се вели во соопштението.