Македонија
26. July 2016 - 16:22

Предистражна постапка пред 20 камери- Како СЈО ја замислува тајноста на постапката?

Предистражна постапка пред дваесетина камери, вака Специјалното обвинителство го разбира членот од законот кој предвидува тајност на овој дел од постапката.

Градоначалникот на центар Андреј Жерновски, денес беше на распит во СЈО за случајот Скопје 2014, иако предистражната постапка треба да биде тајна неговата ПР служба ги покани медиумите на кои тој им откриваше детали од распитот.

Запрашан зошто открива детали од постапката иако тоа е против законски, Жерновски вели дека тој внимавал што открил, но законот е јасен: Сите дејствија преземени во предистражна постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна.

Тоа значи дека законски и самиот распит е тајна, затоа што се работи за предистражна постапка и случајот не е официјално почнат.

Познавачите велат дака ваквото однесување на обвинителството на Катица Јанева во служба на предизборието, и тукму затоа со кршење на законот се врши промоција на Жерновски.

Слична маркетиншко – политички улога СЈО имаше и со битолскиот Градоначалник Владимир Талевски, кој за разлика од Жерновски не собираше поени туку како што оцени експертската јавност беше дел од политичка Хајка на СЈО.