Свет
19. October 2017 - 16:31

Пред зградата на Врховната Рада во Киев има околу илјада демонстранти

Околу илјада демонстранти денеска се собраа пред зградата на украинскиот Парламент во Киев со барање да се донесе закон за укинување на пратеничкиот имунитет, создавање на антикорупциски суд и промени во изборниот закон.

Според украинското Министерство за внатрешни работи, пред Врховната рада има повеќе од 700 луѓе, но постојано пристигнуваат нови демонстранти кои чекаат пратениците да го разгледаат предлог-законот  за одземање на имунитетот.

Претседателот на Парламентот, Андриј Паруби, изјави дека ќе организира на плоштадот да се постават екрани на кои демонстрантите ќе можат да ја гледаат седницата.

Голем дел од насобраните луѓе носат знамиња на партијата „Татковина“, се веат знамиња и на партијата „Десен сектор“.

На самото место се распоредени околу 3.000 лица за обезбедување, а полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола.