Балкан
16. February 2018 - 21:53

Пред косовскиот парламент Договорот за демаркација на границата со Црна Гора

 Претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели за недела во 18 часот, свика седница на чиј дневен ред ќе биде Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора.

Весели порача дека Косово со договорот не губи ни сантиметар од својата територија и е убеден дека земјата ќе добие визна либерализација а во исто време се отвора патот на европската перспектива на Косово.

- Постои широк консензус за обележувањето границата со Црна Гора и ова прашање ќе заврши независно од интересите и пресметките што се надвор од интересот на граѓаните и вон зацврстувањето на суверенитетот на државата Косово. Ќе ставиме крај на политичките и емоционални игри и за нашите граѓани  ќе се отворат перспективите во Европската унија и визната либерализација ќе се случи. Косово нема да изгуби ни сантиметар од својата територија, рече Весели.

Претходно косовскиот претседател Хашим Тачи и неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ, потпишаа  заедничка изјава со која го повикаа косовскиот парламент да го ратификува договорот за демаркација на границата меѓу двете земји

Дека постои консензус за ратификација на договорот потврди и шефицата на мисијата на ЕУ на Косово, Наталија Апостолова,по средбата со претседателот Тачи и политичките партии