Македонија
19. January 2016 - 15:56

Празникот Богојавление – Водици одбележан во општина Илинден

Со осветување на водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на општина Илинден го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.

Илјадници граѓани присуствуваа на положувањето на богојавленскиот крст во водите на езерото. Од 63 верници, 23-годишниот Александар Шарковски од населба Илинден прв стигна до светиот крст. Тој доби подароци од градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, како и од претставници на јавните претпријатија, бизнисмени и граѓани.

Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“ од населба Илинден веќе осум години ја организира оваа манифестација. За присутните општина Илинден обезбеди топли пијалоци и традиционалната пивтија.