Православните верници слават Богојавление - Водици
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление - Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови.
Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот „Слобода“.
Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.
И во Охрид денеска се очекува масовност за спуштањето на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. Оваа година за разлика од минатите, организацијата на настанот ја презедоа Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод одбележување на празникот Богојавление - Водици во Кичево ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Св. Петар и Павле“ и на церемонијата на положување на Светиот крст.
Телевизија Сител и овојпат со директни преноси од Скопје и Охрид ви го пренесува чествувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците