Македонија
28. August 2017 - 17:09

Православните го чествуваат Успението на Пресвета Богородица

Православните христијани денес го чествуваат Успението на Пресвета Богородица, празник кој се смета за заштитник на сите христијани, особено на  бремените жени.  По завршување на двонеделниот пост, синоќа во сите храмови на МПЦ се одржуваа вечерни богослужби и полноќно бдеење, а од утрово црквите и манастирите кои носат името на Мајката Божја беа полни со верници. По литургијата  во манастирот Пресвета Богородица во Матка кај Скопје, Архиепископот Охридски Македонски г.г Стефан на сите верници им посака повеќе време да посветуваат на верата и да се вратат кон почитување на семејните вредности.

И ова 28-мо авгостовско утро верниците ги посетуваа светите храмови, да ја примат светата причест, да запалат свеќа за здравје, среќа и бериќет и да наполнат шишња со осветена вода.

Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август  или на 28 според новиот календар. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо.