-->
-->
Правилата на кои македонските возачи најчесто забораваат
-->
Безбедно растојание, користење трепкачи, возење наназад, непрописно престигнување колона на возила, престигнување пред пешачки премин, прскање пешаци и велосипеди и технички неисправно возило.
Тоа, укажува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), се дел од сообраќајните правила и прописи кои многу често не се почитуваат од страна на возачите, а кои се особено важни за безбедноста во патниот сообраќај.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се впуштаат во нивно слободно толкување и „дозволено прекршување“ затоа што безбедноста во сообраќајот бара дисциплина и максимална одговорност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино