Живот
27. April 2017 - 11:40

Пратка во пакет испратен до калуѓерка - се шокирала кога видела што има внатре

Калуѓерка од предградие во Филаделфија останала шокирана кога го отврила пакетот, кој пристигнал на адреса на нејзината црква. Во пакетот пронашла 4,5 килограми марихуана.
 
Полицијата истражува кој ја испратил пратката, која пристигнала од Сакраменто во Калифорнија.
 
Дрогата била запакувана во пластична кутија. Полицијата верува дека пакетот бил наменет за некој друг и дека во рацете на запрепастената жена пристигнал многу случајно.
 
Калуѓерката била вознемирена поради целата ситуација и се плаши дека некој би можело да дојде во црквата заканувајќи се да му се врати дрогата.
 
Полицијата се надева дека снимките од надзорната камера од каде што е испратен пакетот ќе го идентификуваат испраќачот.