Македонија
24. April 2017 - 21:26

Пратениците седумнаесетти ден расправаа за комисијата за избори и именувања

Реплики и контра реплики – вака течеше денешното 17-то продолжение на конститутивната седница на собранието. И денеска најголем дел од дискусијата пратеницијте ја водеа по таканаречената Тиранска платформа и законот за јазиците. Дел од пратениците ја осудија и изјавата на градоначалникот на Дебар кој изјави дека дека општината е предградие на Тирана.

Во продолжението на конститутивната седница, пратениците повторно тврдеа дека не почитува собранискиот деловник.

Утре продолжува конститутивната седница на која пратениците расправаат по третата точка од дневниот ред за избор на претседател и членови на комисијата за избор и именувања.