Македонија
8. February 2016 - 17:01

Пратениците реагираат на изјавата на Заев, притисок врз СЈО

Зоран Заев врши притисок врз Катица Јанева или пак е во координација со специјалното јавно обвинителство.

Македонските пратеници сметаат дека последната изјава на опозицискиот лидер каде тој вели дека за кус период очекува кривични пријави од Јанева значително ја уриваат довербата во специјалното обвинителство

Став по ова прашање побаравме и од неколку опозициски пратеници но тие не одговорија на нашите телефонски повици.
Лидерот на СДСМ пред неколку дена на партиски собир во Скопје најави кривични пријави и притвор во името на специјалното обвинителство

Специјалното јавно обвинителство до овој момент не излезе со коментар по изјава на Заев. Во меѓувреме дваесетина граѓани се охрабрија и поднесоа кривични пријави против специјалните обвинители во кои тврдат дека тие ги малтретирале убедувајќи ги да потпишуваат лажни изјави.

Кривична пријава против едно лице по службена должност поднесе и МВР сомничејќи го дека нудел поткуп од  100.000 евра во замена за лажно сведочење против екс министерката Гордана Јанкулоска.