Македонија
9. July 2017 - 16:11

Пратениците од советот на европа со декларација застанаа зад назначувањето на Николоски за амбасадор во ЕУ

Обидот на Владата да  го прекине поставувањето на Александар Николоски од амбасадорската функција во ЕУ стигна пред Советот на Европа. Парламентарното собрание на оваа меѓународна организација вчера излезе со писмена декларација насловена “ Заштита на угледот на македонската дипломатија”. Документот е објавен на официјалната страна на Советот на Европа, а е потпишан од педесет и четири пратеници од дваесет и две европски земји, меѓу кои  Италија, Белгија, Германија, Шведска,  Унгарија, Романија, Шпанија, Велика Британија, Полска, Словачка, Норвешка, Швајцарија, Белгија, Финска, Словенија и многу други.

„Загрижени сме од сознанието дека Владата прави обиди да го спречи  Николоски да ја преземе неговата позиција како Амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во Европската Унија...Ние сме убедени дека тој ќе биде одличен претставник на Македонија во ЕУ во Брисел и ќе го забрза процесот на интеграција во Унијата. Ја повикуваме Владата да престане со своите неодговорни активности и да го заштити угледот на македонската дипломатија. “, стои во Декларацијата.

Пратениците нагласуваат дека Николоски е одличен пример за тоа дека пратенци од помали држави сепак можат многу да придонесат во организацијата доколку се посветени на својата работа, нагласувајки дека тој девет години работеше во Парламентарното Собрание на Совет на Европа на многу важни позиции вклучувајќи ги и Потпретседател, потоа Прв Потпретседател на Мониторинг комитетот и Прв Потпретседател на Комитетот за Политички работи и демократија.

„Главната стратешка ориентација на Република Македонија е да се приклучи на Европската унија и НАТО и ние ги подржуваме тие интеграции. Овој процес е за сите граѓани и мора да биде подржан и од власта и од опозицијата. Дипломатските активности се клучни за овој процес“, се вели во документот.

Интересно е и тоа што Декларацијата има  меѓупартиски консензус бидејќи е потпишана од пратеници од сите пет европски партиски групи- Европската народна партија, Европските социјалисти, Алијансата на либерали и демократи на Европа, Европските конзервативци,како и пратениците кои не припаѓаат на ниедна партија.
Министерот Никола Димитров минатата недела го оспори поставувањето на Николовски за амбсадор во Брисел. Образложението е дека во Македонија мора да престане традицијата на назначување амбасадори политичари пред да се одржат избори. Николовски во петокот реагираше велејќи дека Владата со фалисификат и спротивно на законите политички се обидува да го прекине неговиот избор на амбасадор