Македонија
14. December 2017 - 13:30

Пратениците од Беса нема да учествуваат на амадманската расправа за законот за јазици

Пратениците од Беса нема да учествуваат на продолжението на амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците на Комисијата за европски прашања. 

- Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар, рече пратеникот Фадил Зендели.

Беса бара да се гласа за нивните два амандмана, а тоа се да се смени името на законот и да се вика Предлог закон за употреба на албанскиот јазик, а вториот е за целосна употреба на албанскиот јазик во државните институции. 

Пратениците од Беса на новинарско прашање кажаа дека не добиле покана за учество во Владата.