Македонија
9. August 2016 - 14:37

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу граѓаните во расчистување на последиците од поплавите

Денес поголем број пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ги посетија настраданите населби во поплавите во Скопје и донираа поголеми количини вода, храна, лекови и основни хигиенски средства за настраданите семејства.

Исто така пратениците активно се вклучија во расчистување на последиците во повеќе настрадани домови.