Пратениците имаат право и обврска на дебата, тврдат експертите по уставно право
Постапките на ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот законодавен дом се во рамките на уставот и деловникот, сметаат македонските експерти по уставно право.
За универзитетската професорка, Тања Каракмишева, право на секој пратеник е да изнесува свои мислења во Собранието за точките на дневен ред, па оттука, таа не гледа ништо спорно во дебатата на која инсистираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и предупредува дека секој обид за нејзино прекинување ќе значи директен атак врз Уставот.
„Сите идеи и планови на СДС некој друг пратеник да го смени Вељаноски на претседавачкото место, и на него да седне најстариот пратеник од составот, или некој друг кој ќе се нафати да ја врши оваа функција го ценам како крик на очај и немање желба да се почитува Уставот на РМ. Вељаноски не може да биде заобиколен, и без него никој не може да го продолжи водењето на конститутивната седница, бидејќи тоа би значело грубо кршење на Уставот и на Деловникот“ – смета професорката Каракмишева.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека го користат максимумот кој го даваат Деловникот и законите.
„Она што во моментот се случува во Парламентот е користење на сите законски и деловнички можности од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија за искажување на ставовите и позициите, низ парламентарната дебата, користејќи го максимумот на законот и она што го дава Деловникот. Ништо нема незаконски, и нема ништо што досега не се случило во минатото во Македонија, низ Европа и Светот, практично тоа е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ го изразува револтот од прифаќањето и наметнувањето на Тиранската платформа“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Револтот во Собранието го изразувале речи си сите политички партии.
За разлика од пратнеиците на ВМРО-ДПМНЕ кои дебатираат, во 2012 година, Талат Џафери со часови молчеше пред собранискиот микорофон, а неговата партија и СДСМ во неколку наврати го затрупува законодавниот дом со амандмани.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар