Бизнис
18. September 2017 - 17:22

Пратениците го изгласаа предлог законот за минимална плата

Предлог законот за зголемување на  минимална плата нема да го подобри  стандардот на граѓаните ниту ќе ја раздвижи економијата.  Почна расправата во собранието за минималецот. За опозицијата предлогот на владата минималната плата  да биде 12 илјади денари е предизборна мерка од која граѓаните нема да имаат бенефит на долг рок. . Спорен е и терминот нормиран учинок кој  е вметнат во законот и поради кој се отвора простор за манипулации.

Пратениците од власта ги негираа обвинувањата посочувајќи дека не станува збор за предизборна  мерка туку закон од социјален карактер. Посочија дека зголемувањето на минималецот ќе повлече и раст на просечната плата, животниот стандард на граѓаните а со тоа и на целокупната економија.

Со предлог законо семптемвриските плати на 130 илјади работници треба да се зголемат од сегашните 10 на  12.000 денари. . За оваа намена месечно од буџетото ќе се издвојуваат  1,5 милиони евра  како подршка за компаниите да го исплаќаат овој износ.