Македонија
23. January 2018 - 16:20

Пратениците ги обвинија новинарите затоа што јавноста дознала за патните трошоци

Новинарите биле винови за патните трошоци на пратениците бидејќи постојано ја информирале јвноста за тоа, па пратеничката функција станува деостоинствена, а нардоните избраници дежурни виновници. За разлика од тоа имало многу анонимни директори кои земале многу повеќе пари за пат. Вака пратениците коментираа по законските измени со кои за една третина треба да се намали надоместокот за патните трошоци кој сега ги земаат.

Џаевад Адеми од ДУИ најави амандман со кој ќе побара целосно укинување на надоместокот за патни трошоци на сите избрани функционери, со цел да прекине ваквата прозивка на пратениците.

-  „ Ајде да биде европски настроени, па министрите да доѓаат со велоспиеди на работа, диртекторите со автобус, пратениците со воз... Ајде на овој начин да ги испровоцираме другите функционери и да не сме ние на мета постојано. Еднаш да работи за народот и да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас. “

За Милевски од ЛДП пак, потребно е  патните трошоци да се сведат на минимум и да бидат реални и да се намалат за сите функцинери.

-  “Сега намалуваме за третиона од 160.000 на 120.000 и пак ќе сме на тапет, да намалиме и на 80.000 повторно ќе не пишуваат. Не нарекуваат предавници, сега и со ова, да ти е срам да бидеш пратеник. Но и треба да бидеме искрени, дека ова не се прави како што е наведено поради некоја светска економска криза, туку дека притисокот на јавноста е голем, а да бидеме искрени требаше да го направиме ова и без притисокот.“, вели Милевски 

Тој посочи поранешните директори во институции кои трошеле и по 136 илјади денари за патни трошоци или по 65 илјади за презентација,а дека директорите на ЛДП неодамна самоинцијативно ги ограничиле овие трошоци на 6 до 12 илјади денари.

Сепак на крај прелдогот на СДСМ на намалување на трошоците помина во комисиска расправа.

-  „Се работи за краткорочно решение додека не се изнајде системско решение со кое ќе се намали трошењењто на буџетските пари, но и пратениците да функцинират нормално“, изјави Павле Богоевски

Законските измени се селат на пленарна седница.