Македонија
22. January 2018 - 16:34

Пратеничката Пешевска тврди дека не го сторила делото тероризам, бара ослободување од притвор

- Не сум сторила никакво кривично дело, а најмалку тероризам. Со овие зборови пратеничката Жаклина Пешевска ја отфрли вината за настаните во Собранието од 27 април и побара Апелација да ја укине мерката куќен притвор. Потенцираше дека досега го нема загрозено животот на своите колеги пратеници, ниту безбедноста на граѓаните. Пешевска обвини дека со нејзиното приведување е прекршен Уставот, правата на нејзините три деца кои се под психијатриски третман, но и правата на граѓаните кои ги застапува во Собранието. Полицијата воопшто не го почитувал нејзиниот пратенички имунитет,  а Пешевска 16 часа со лисици на рацете била држена во судот. Покрај ова, нејзиниот адвокат тврди дека обивнителството не поседува ниту еден доказ против Пешевска, која на распит била повикана по повеќе од еден месец поминат во домашен притвор.

Вишото јавно овинителство остана на ставот дека мерката куќен притвор е неопходна за време на истражната постапка. Според обвинителката на ваков начин не се повредени ниту законите, ниту меѓународните конвенции.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинуваат дека дваесетина истакнати граѓани се прогласени за терористи во монтиран процес и без никакви аргументи.

Државата нема да тргне ни чекор напред кон ЕУ и НАТО се додека не се почитуваат елементарните права на човекот. Правосудните органи во интерес на Македонија и иднината на државата мора да соберат сили и да ја вратат правната државата. Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре, се вели во соопштението на опозицијата.-