Прасе како награда за новото продолжение на Бриџит Џоунс
Британската авторка Хелен Филдинг доби признание за најновата книга за авантурите на Бриџит Џоунс, а наградата вклучува шампањско и прасе.
Филдинг наградата „Болинџер Евримен Водхаус“ за хумористична фикција ја доби за книгата „Бебето на Бриџит Џоунс“.
Наградата името го добила по писателот Пелам Водхаус.
Филдинг на 27 мај на фестивалот Хеј во Велс доби глостерско прасе, балон шампањско и колекција книги од Водхаус.
Авторката рече дека „целосно е воодушевена затоа што освои прасе“.
- Ова е трет пат што сум номинирана, а со години го чекам овој момент. Јас сум еден од оние луѓе кои од година во година се номинирани за Оскар, за потоа соништата да им бидат уништени во последниот час, се пошегува Филдинг.
Книгата се занимава со дилемата на Бриџит, кој од нејзините момчиња е татко на нејзиното дете.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море