Кошарка
21. јуни 2017 - 14:24

Познато двојките за 1/4-финалето на женскиот Евробаскет

 

Со одигрувањето на осминафиналните дуели на Европското првенство во кошарка за жени што се одржува во Чешка познати се четвртфиналните двојки.
 
Најголемото изненадување го направи Летонија која успеа да го елиминира европскиот првак Србија со победата од 75:70. Словачка оствари најубедлива победа и ја совлада Украина со 82:68, додека Грција беше подобра од Русија со 62:58. Минимален триумф постигна Италија против Унгарија со 49:48.
 
На Европското првенство денеска е слободен ден, а утре се играат четвртфиналните дуели: 
 
Белгија – Италија, 
Турција – Грција, 
Франција – Словачка и 
Шпанија – Летонија.