Кошарка
13. February 2017 - 9:31

Познати учесниците во плеј-офот на АБА лигата

 
 
Во регионалната кошаркарска АБА лига комплетирано е 22.коло, по кое се познати четирите тима кои ќе разигруваат за титулата.
 
По поразот на гостувањето во Белград кај Црвена звезда екипата на Цибона ја загуби и теоретската шанса за настап во завршницата.
 
На четири кола до крајот јасно е дека покрај актуелниот шампион Црвена звезда во плејофот ќе играат уште Будуќност, Цедевита и Партизан.
 
Резултати и пласман по одиграните натпревари од 22.коло во АБА лигата: 
Задар - Морнар 80:62, 
Будуќност - Карпош Соколи 95:61, 
ФМП – Унион Олимпија 89:79, 
МЗТ Скопје Аеродром – Крка 89:65, 
Црвена звезда – Цибона 69:56, 
Цедевита – Партизан 79:67 и 
Мега Лекс – Игокеа 101:84. 
 
Табела: Црвена звезда 21-1 (победи-порази), Цедевита 16-6, Будуќност 16-6, Партизан 16-6,  Цибона 11-11, Игокеа 10-12, Олимпија 9-13, ФМП 9-13, Карпош Соколи 9-13, Мега Лекс 8-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-14, Морнар 7-15, Крка 7-15 и Задар 7-15.