-->
-->
Познати сите учесници на Светското првенство за одбојкари
-->
Познати се сите 24 земји кои ќе настапат на Светското одбојкарско првенство во машка конкуренција, што следната година (10-30 септември) ќе се држи во Италија и Бугарија наредната година (10-30 септември).
Покрај бранителот на трофејот од пред четири години, селекцијата на Полска, како главни фаворити за најсјајното одличие, златото, се издвојуваат и селекциите на Бразил и САД кои се двете пропагирани на светската листа како и ко-домаќинот Италија, односно селекцијата на Русија која практично за заокружува водечката петорка на последната ранг-листа.
На следниот Мундијал ќе ја нема Германија која ја освои бронзата на претходното првенство во Полска, но затоа по пауза од 16 години повторно на завршницата ќе ја гледаме Холандија земја која своевремено беше и една од најдобрите во машката одбојка. Единствен дебитант ќе биде репрезентацијата на Словенија.
Машкиот одбојкарски Мундијал ќе се одржи во шест градови во Италија и три во Бугарија, а завршницата ќе биде во Торино.
Учесниците ќе бидат поделени во четири групи по шест репрезентации, а најдобрите четири ќе се пласираат во следната фаза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење