Тенис
8. November 2017 - 15:00

Познати групите за завршниот Мастерс

Во Лондон од 12-19 ноември ќе се одигра завршниот тениски мастерс на кој ќе настапат најдобрите тенисери во 2017-тата година. 

Составени се и групите. Во  групата Борис Бекер ќе играат Роџер Федерер, Александар Зверев, Марин Чилиќ и Џек Сок, додека во групата Пит Сампрас силите ќе ги одмерат Надал, Доминик Тим, Димитров и Гофан. 

Во групите се игра по систем секој со секого а потоа двајцата првопласирани ќе се пласираат директно во полуфиналето.