Тенис
6. July 2015 - 17:47

Познати 1/4 финалните двојки во женска конкуренција на Вимблдон

 

 

На Вимблдон познати се четвртфиналните двојки во женска конкуренција.

Првата фаворитка Серена Вилијамс која во 1/8 финалето беше подобра од својата сестра Венус со 2:0, во четвртфиналето ќе игра против Белинда бениќ од Швајцарија која во два сета ја порази Викторија Азаренка (Белорусија) .

Изненадување приреди Габрине Мугуруза (Шпанија) која со 6:4 и 6:4 беше подобра од 5-носителка Каролина Возниацки од Данска, па шпанската тенисерка за место во полуфиналето ќе се бори со Тимеа 
Башчински од Швајцарија која со 2:1 ја победи Романката, Никулеску.

Русинката, Марија Шарапова ќе игра против Американката, Коко Вандевеге откако Шарапова во 1/8 финалето во два сета ја доби Зарија Дијас (Казахстан), додека Американката, Вандевеге елиминирајќи ја 6-та носителка Луси Сафарова од Чешка, со 2:0  по сетови 7:6 и 7:6.
 
Последниот четвртфинален пар кај дамите ќе го сочинуваат: Американката Медисон Кејс која со 2:1 ја победи Белорусинката Говорцова и 13-тата носителка Агнешка Радванска од Полска на која и беа доволни два сета да ја елиминира Србинката Јелена Јанковиќ