Познатата пејачка ја промени верата во Ислам
Линдзи Лохан направи нешто што ги изненади нејзините обожаватели. Имено, таа го исчисти целиот профил на Instagram, односно ги избриша сите фотографии. Во описот на профилот напиша „Alaikum salam“ што значи „Мир со вас“.
Иако Линдзи се уште јавно не се огласила за нејзиниот најнов потег, американските медиуми веќе почнаа да претпоставуваат дека таа преминала во исламот. Пред две години изјави дека го прочитала Куранот кој и отворил врата од нов свет.
- Мои блиски пријатели од Лондон и Саудиска Арабија ми го дадоа Куранот, кој го земав со мене во Њујорк и учев токму од него. Тоа ми ја отвори вратата на спознавањето на духовноста и на начинот да пронајдам која сум јас, изјавила Линдзи при гостување во една емисија.
Таа беше мошне активна на социјалните мрежи, а само на Instagram ја следат околу 6 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација