Џет-Сет
9. September 2016 - 20:51

Познатата актерка повторно бремена

 

Американската актерка Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милпејд го очекуваат второ дете, пушува Ју-Ес Викли.

Натали Портман ова лето го покажа нејзиниот стомак со кој најави нова бременост. Таа прошета по црвениот килим на Венецијанскиот филмски фестивал.

Портман и нејзиниот сопруг имаат петгодишен син Алеп. Тие се запознале во 2009 година на снимањето на филмот „Црниот лебед“ каде Милпејд беше кореограф.

Портман играше балерина во филмот „Црниот лебед“. За таа улога е наградена со Оскар, Златен глобус и наградата Screen Actors Guild.