Македонија
5. јуни 2017 - 10:25

Познат идентитетот на жената која загина кај ’Ржаничино

 
Педесетгодишната Лидија Ј. е жената која го загуби животот во страшната несреќа која вчера се случи на автопатот „Александар Македонски“ кај ’Ржаничино во близина на Окта бензиската.
 
До несреќата дошло кога 35-годишниот З.Ј. со својот мотор Хонда, изгубил контрола и паднал од коловозот, при што за жал жената која била сопатиник починала на лице место, дознава Курир.
 
Полицијата изврши увид.