Македонија
2. October 2015 - 12:37

Познат идентитетот на студентот кој загина во центарот на Скопје

Момче загина во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Според првичните информации најверојатно станува збор за самоубиство.

Како што дознаваме, Д. Р. од Прилеп според привичните неофицијални информации се фрлил од четвртиот спрат од студентскиот дом.

Момчето е родено во 1995-та година.

На лице место веднаш пристигнала медицинска екипа. Д.Р. бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде за жал им подлегнал на повредите.