Бизнис
18. October 2016 - 19:39

Познат германски бренд на електрични уреди ќе се произведува во Македонија

Познат германски бренд влегува во Македонија. Компанијата ќе произведува електрични уреди за домаќинствата, открива министерот Бил Павлески чијшто тим бил задолжен за привлекување на инвестицијата.

Компанијата ќе биде лоцирана во град во пелагонискиот регион. Во неа ќе бидат вработени 1000 лица. Името на инвеститорот односно компанијата ќе се обелодени во ноември.

Павлески посочи дека инвестицискиот бум продолжува. Вели дека странските инвеститори се охрабрени бидејќи чувствуваат дека се ближи крајот на политичката криза.

Резултатите од најновата анкета направена на странски инвеститори во земјава покажуваат, дека речиси 90 отсто од нив повторно би ја избрале Македонија како дестинација да ги реализираат своите бизнис идеи.