Македонија
26. August 2015 - 17:37

Позитивен природен прираст во второто тримесечје од годинава

Во второто тримесечје од годинава во Македонија се родени 5.683 бебиња што во споредба со истиот период минатата година претставува намалување за четири проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, бројот на умрени лица во овој период бележи зголемување од 2,3 проценти и изнесува 4.892 лица. Од нив 48 се умрени доенчиња. 

Природниот прираст изнесува 791 лица што значи за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрени лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 8,2 проценти, додека бројот на разводи е намален за 12,4 проценти. Во овој период се склучени 3.710 бракови и евидентирани 495 разводи.