Пожарот кај Македонски Брод се уште активен, ангажирани сили на АРМ
Сили на АРМ се ангажирани за спречување на пожарот кај Лутоец - м.в. Змијарник, кој се уште е активен, за да не се прошири кон с.Требовље. Оштетени се три дрвени столбови за напојување на електрична енергија на населеното место с.Близанско. Пожарот во с.Девич е ставен под контрола, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Според податоците со кои располага ЦУК за состојбата со пожарите во Македонија до 11:30 часот, во моментов за гаснење на пожарот во атар на с.Требовље ангажирани се: АРМ за пожарот во с.Требовље и дел од атар на с.Растеш), ТППЕ на Македонски Брод; БППЗ Скопје, два хеликоптера од АРМ (дејствуваа од утринските часови). Месното население од с.Растеш и доброволци од Тетово се вклучени за гаснење на пожарот во с.Растеш, ЈП Македонски шуми од Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во с.Девич којшто е ставен под контрола, како и ДЗС.
Пожарот во с.Слатина е локализиран.
Пожарот кој започна вчера во атарот на с.Подвис кон с.Локвени е сеуште активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. Во текот на вчерашниот ден гаснеле екипи на ТППЕ Крушево, ТППЕ Кривогаштани и месно население. Во текот на вчерашниот ден постоела опасност од зафаќање на околината и манастирот „Св.Атанасие“ но со навремена интервенцијата опасноста била надмината. Во утринските часови упатена е екипа на ТППЕ Крушево и вработени од ЈП „Липа“ Крушево. Во претпладневните часови ќе се упати уште една екипа од ЈП „Липа“ Крушево. Во моментот опасноста од проширување на пожарот е надмината, активно се гаси и нема опасност од проширување и од другата страна кон с.Житоше. Се очекува во текот на денот тој да биде локализиран.
Пожарот во атарот на с.Корито е локализиран. Од раните утрински часови екипа е на терен и интервенира. Горела сува трева, информираат од Одделение за односи со јавноста при Центарот за управување со кризи.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април