Живот
4. February 2016 - 15:18

Пожарникар спасил 9-месечно бебе, 17 години подоцна повторно се сретнуваат

Пред многу години пожарникарот Мајк Хјуз ја спасил девет месечната Даниела Дејвисон од пожарот кој избувнал во нејзиниот дом. Но, оваа среќна приказна не завршува тука.

„Кога стигнавме до местото на повикот забележавме дека голем дел од куќата е во пламен. Ја најдов Даниела како плаче во креветчето во спалната соба“ – се сеќава Мајк.

1majk

После некое време сакал да дознае што се случило со малечкото девојче што го спасил. Ја нашол на Фејсбук оставајќи ѝ порака „Мислам дека еднаш кога беше многу малечка те спасив од пожар“. Од тој момент натаму нивната комуникација едноставно не престанала, а Мајк ѝ станал како втор татко на Даниела.

2majk

 

ТАГОВИ: