Пожарите ставени под контрола
Нема активни пожари во кризното подрачје Македонски Брод. Пламените јазици кои изминатите недели дивееја во атарот на селата Волче, Заград, Растеж, Здуње, Близанско и Грешница се целосно изгаснати. Во контрола на теренот во Чашка се 4 лица од шумско стопанство Бабуна . Во овој кризен регион локализирани се пожарите кај Јасеновска глава и кај Богомилскиот тунел. Од утрово активни пожари има во Кичев и струшкиот регион.
Екипи од надлежните институции и јавни претпријатија од денеска со хеликоптер ќе прават проценка на површината и штетите во опожарените региони.
– Проценувањето на штетите е регулирано на два начини. Едниот е за опожарена дрвена маса, чија процена ја врши ЈП „Македонски шуми“ и ги потврдува Државниот инспекорат за шумарство и ловство. Останатите штети се проценуваат согласно Законот за заштита и спасување на локално ниво од Комисиите за процена на штети на единиците на локална самоуправа.
Забраната за движење во шуми сеуште трае и во тек се засилените контроли на МВР и Шумската полиција.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар