Пожарите на Матка и кај Македонски Брод се уште активни
Пожарите на Матка и во атарот на село Требовље кај Македонски Брод се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи.
Според ЈП Паркови и зеленило, пожарот кај браната Матка е се уште активен, но само чади на непристапен срт (карпа) блиску до браната и не се шири. Нивна екипа постојано го следи.
Во гаснење на пожарот кај Требовље, пак, се ангажирани АРМ и месното население, додека силите на ЈП Македонски Шуми се пренасочени на пожарот кој се ширеше кон местото Фојник.
Активни се и пожарите во атарот на село Дреново во месноста Дреновска Корија каде е зафатена шума со даб, јасен и бука, на падините на Горна Јакупица каде теренот е непристапен и над манастирот Св.Спас близу Богомила.
Активни пожари има и во атарот на селото Дрен - Смолани, во атарот на селото Могилец и во атарот на селото Близанско.
Според ЦУК, пожарот во село Слатина е со намален интензитет и на поедини места горат ниско стеблести дрва.
Во Тетовско активен е пожарот во селото Корито каде интервенира месното население. На пожарот над село Сиричино, Туденце Копанце инервенира екипа на од ЈП Македонски шуми. Моментно гори сува трева и огнот се движи кон сртот на Жеден, но нема опасност по селата и населението.
На пожарот во село Гургурница каде гори сува трева, интервенираат екипи на ЈП Македонски шуми и месно население. Излезени се и претставници од Општина Брвеница.
Пожарот кај селата Барово, Чифлик и Св.Петка е локализиран пред да ја зафати боровата шума. И таму се присутни дежурни екипи кои ја следат сосотојбата. Локализирани се и пожарите во атарот на селото Подвис каде гореше нискостеблеста деградирана шума, како и пожарот во атарот на село Девич.
Делумно се локализирани пожарите на Караџица, кај селата Морани и Орешани, но дежурни екипи се постојано на терен. Засега нема потреба од интервенција на авиони или хеликоптери зашто интензитетот на огнените стихии е намален.
Пожарот од атарот на село Растеш каде беа загрозени куќите во подножјето, е ставен под контрола од војската и месното население, но не се исклучува можноста во текот на денот поради високите темпетатури да се прошири кон Заград и Битово.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та