Македонија
13. October 2015 - 10:52

Пожар во зграда во Карпош

Изгаснат е пожарот што изутринава избувна во стан на осми кат во зградата во скопската населба Карпош. Во пожарот нема повредени лица.

Благоја Менковски, командант на скопската Противпожарната единица изјави дека пожарот е предизвикан поради краток спој од преоптоварување на електричната мрежа или од заборавен електричен уред. Сопствениците на станот не биле дома во моментот кога избувнал пожарот.

- Противпожарната единица интервенираше со пет возила и пожарот е локализиран за 10-тина минути, рече Менковски и додаде дека огнот не предизвикал оштетување на соседните станови.

Увид на местото на пожарот ќе изврши екипа на СВР Скопје.