Македонија
23. January 2017 - 13:15

Пожар во Скопје: Гореше „Супер Тинексот“ на „Првомајска“

Утрово пожар избувнал во супермаркетот „Супер Тинекс“ на булеварот Борис Трајковски, кај Расадник, информира Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарот набргу бил изгаснат од пожарникарите кои стасале со три возила. Предизвикана е само материјална штета.