Македонија
14. July 2017 - 13:56

Пожар во Крушево, изгоре куќа

Ноќеска, околу 01,00 часот, во Крушево, на ул.„Киро Фетак“, во куќата сопственост на К.В.(54), на првиот кат од засега непознати причини настанал пожар.
 
Интервенирала екипа на Противпожарна Крушево и истиот го изгаснала. Повредени лица нема, а причината и висината на материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.