Македонија
13. May 2016 - 13:58

Пожар во бараките на Општина Кисела Вода

Пожар кој причини незначителна материјална штета синоќа избувна во бараките во Општина Кисела Вода.

Како што информираа од ТППЕ од Скопје и од Општина Кисела Вода со пожарот кој избувна во 22 часот зафатен е дел од конструкцијата и причинате е незначителна материјална штета.

Пожарот е избувнат во барака која Општината не ја користи за сопствени цели, туку ја дава под наем.