Македонија
29. March 2017 - 22:27

Пожар пеплоса куќа во Штип

Денеска, околу 5 часот во СВР Штип било пријавено дека на патот Штип-Радовиш настанал пожар во викенд куќа.
 
Увид извршила увидна екипа на СВР Штип. Притоа било констатирано дека во раните утрински часови од засега непознати причини настанал пожар во помошната просторија на викенд куќата сопственост на 34-годишниот штипјанец В.Т.
 
Полицијата информита дека изгорела помошната просторија и кровната контрукција од објектот.
 
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.